„Обичен“ стрес, а толку многу проблеми

Во општество каде постојано сме излошени на разни видови стрес кој има големо влијание врз нашето психо-физичко здравје луѓето многу често се соочуваат со различни здравствени проблеми кои истите се трудат да ги регулираат со медикаменти кои можеби ќе овозможат привремено решавање на проблемот.

Несоница, дигестивни проблеми, покачен крвен притисок, замор. Сето ова верувам дека ви се добро познати симптоми на кои најчесто и не им придаваме значење со надеж дека ќе поминат сами од себе. Сите овие симптоми верувале или не, можат да бидат предизвикани од причина за која не ни помислуваме кога е во прашање нашето здравје. Најчесто имаме навика на било кој здравствен проблем да гледаме црно на бело. Секогаш се трудиме да го лечиме симптомот, а не причината за одреден здравствен проблем.

Па така една од причините за појава на голем број здравствени проблеми е покаченото ниво на кортизол или познат како хормон на стрес. Овој хормон се лачи од адреналната жлезда или надбубрежна жлезда во текот на целиот ден, а особено кога ќе се најдеме во стресна ситуација при што ни помага да се справиме со истата.

Кога зборам за покачено ниво на кортизол мислам на хронично високо ниво, а не на нормално покачено ниво кое е неопходно за нормално функционирање и справување со стресни ситуации.

На пример, секое утро кортизолот ни помага да се разбудиме. Па така доколку сте на диета ниска во масти можеби имате проблем со будење бидејки холестеролот игра улога во продукција на кортизолот. Кога сме кај станувањето, многу е интересен фактот дека денот не можеме да го започнеме без утринско кафе богато со кофеин кој верувале или не може да го намали нивото на кортизол чие ниво е највисоко токму наутро и кој ни е потребен токму во тој дел од денот. Чудно нели. Пуста навика. Да се вратиме на кортизолот и на неговото влијание врз човечкиот организам.

Негативни страни на хронично покачено ниво на кортизол:

  • Хронично покачено ниво на кортизол негативно влијае врз работата на инсулинот, односно ја попречува неговата работа при транспорт на шеќерите и разни амино кисели во клетките. Ова може да предизвика покачено ниво на шеќер во крв, појава на инфламаторни процеси или губење на мускулна маса.
  • Покаченото ниво на кортизол ја зголемува сензитивноста на епинефринот и норепинефрин (стрес хормони кои се лачат при стрес) што резултира со вазорестрикција односно намален проток на крв во разни делови на телото особено во бубрезите каде настанува стегање на мазните мускули и намалем проток на нефрони (нефронот е функционална единица на бубрезите каде се филтрираат сите отпадни материи од крвта).
  • Кортизолот е антидиуретик па затоа немојте да се чудите ако имате покачен крвен притисок поради задржувањето на натриум во телото. Интересно, нели?
  • Доколку би имал проблем со успорена работа на тироидната жлезда (знаете, онаа жлезда во грлото чии хормони влијаат на толку многу работи) мислам дека пред да се одлучам за било какви медикаменти кои ќе битат препишани од доктор би го проверил нивото на кортизол. Хронично покаченото ниво на кортизол ја попречува продукција на Т3 и истовремено го оневозможува претворањето на Т4 во Т3. Ова би резултирало со хипотироизам или намалена активност на тироидната жлезда.
  • Зголеменото ниво на кортизол предизвикува зголемување на нивото на гастроинтестиналната киселина што резултира со констипација и намалена абсопција на разни нутриенти.
  • Високото ниво на кортизол ја попречуват правилната работа на Т-келиите кои се одговорни за одржување на имунитетот и предизвикува зголемено лачење на хистамин при што доаѓа до воспалителни процеси.
  • Високото ниво на кортизол ги исцрпува минералите од адреналната жлезда.

Е сега, прашањето е што би можеле вие да направите со цел да ги намалите сите овие негативни ефекти и да го вратите нивото на кортизол во нормала и да обезбедите правилна функција и нега на адреналната жлезда.

Додатоци во исхраната кои можете да ги користите:

  • Витамин Ц – големо ниво на витамин Ц е складирано во адреналната жлезда и истото може да се намали поради адренален замор. Со оглед на тоа дека живеам во релативно загаден град и сум доста често изложен на загаден воздух внесот на витамин Ц ми варира од 1000 до 2000 мг. на ден. Twinlab C-1000
  • Витамин Д и К – оптимално ниво на видамин Д е неопходно за правилна работа и „ресетирање”на хормоните. Витаминот Д го земам во текот на целата година, особено во зимскиот период кога нема многу сонце. Од 2000 – 5000 IU е мојот внес и користам витамини од брендот NOW. NOW Foods Liquid Vitamin D-3 5000Iu/D
  • Рибино масло или масло од џигер од риби кои живеат во длабоки води. Ова ќе ви обезбеди соодветна колицина на омега 3 масни киселини и витамин Е кои се одговорни за намалување на инфламацијата во организмот и подобрување на работата на мозокот и централниот нервен систем. Carlson Lightly Lemon Cod Liver Oil 1000mg е мојот избор
  • Масло или чај од диво оригано. Ова е толку популарно кај нас така да навистина нема потреба да зборам многу. Внимавајте само да содржи високото ниво на carvacrol (80% и повеќе)- состојка која е одговорна за сите бенефити кои ги добивате од ориганото.
  • Јас го користам кога и да почуствувам некои тегоби или нелагодности во стомак или чуствувам дека сум на граница на настинка. Може да се измеша во топла вода или јас ставам една или две капки под јазик.(предходно го мешам во маслиново масло).

Неколку начини како би можеле на го намалите стресот кој е главен виновник за висок кортизол и аденален замор:

– Медитација – не ми е баш најјака страна така да нема многу да зборам за ова;
– Дишење – постојат голем број на апликации кои ве водат низ процесот на различни техники на дишење кои би ви помогнале да го намалите стресот;
– Јога – мислам дека сите сме добро запознаени со бенефитите од јогата;
– Добар сон – потрудете се да имате барем 7 до 8 часа квалитетен сон;

И за крај би сакал да напоменам дека овие информации не треба да се користат за третирање на било каква здравствена состојба пред да се консултирате со вашиот лекар.

Автор

Sekulovski Marko

Скопје

Македонија