Џит Кун До Семинар под водство на ГМ Јорданов во Софија

Основачот на “Д Стронгест”, Алексовски Ивица овој викенд беше на 10-часовен семинар во Софија, Бугарија под водство на Гранд Мајсторот Љубомир Јорданов. Алексовски е “Full Instructor” под водство на ГМ Јорданов.

На овој семинар кој траеше 10 часа распоредени во 2 дена се прикажаа и увежбуваа техники од Џит Кун До, Кали, Досе Парес Ескрима, Таи Бокс, Савате…ГМ Јорданов прикажа нови начини и вежби како одредени техники да се увежбуваат поквалитетно, покажа нови методи на пренесување на наученото на своите ученици, беа застапени техники со ескрими, техники со голи раце кои се особено ефикасни во улична борба каде што немаме правила.

Семинарот како и секогаш се одликуваше со релано-применливи техники, со нови детали за одредени техники, со поправање на одредени гречки при изведувањето.

Алексовски на ГМ Јорданов и организаторот Боби Станчев од името на “Д Стронгест Шоп” им подари два дуксери со ликот на основачот на ЏКД, Брус Ли, а за возврат доби маици и други подароци од ГМ Јорданов и Станчев. Со ова продолжува започната соработка која трае повеќе од 15 години.