„Bulletproof“ скроб

Скробот преставува јаглехидрат составен од голем број на глукозни единици и е составен дел од растенијата и зеленчукот кои човекот секојдневно ги конзумира. 

Скробот се метаболизира во тенкото црево и може да одведе до несакани ефекти како што е зголемување на нивого на глукоза, осцилации на нивото на инсулин и појава на инфламаторни процеси доколку глукозата се задржи подолг период во крвотокот.

Меѓутоа тоа не значи дека скробот е штетен и дека потполно треба да го исхрлите од секојдневната исхрана. Барем не „bulletproof”- резистентниот скроб чија абропција и метаболизирање е различно од „обичниот” скроб. Резистентниот скроб не се абсорбира во тенкото црево (како „обичниот”) туку продолжува директно во дебелото црево каде се метаболизира во краток синѓир на амино киселини (short chain amino acid)од страна на цревната флора. Па од тука и ефектот кој го има на човековото тело е поразличен, тотално спротивен од ефектите при конзумирање на „обичен” скроб.

Зошто токму резистентен скроб?

– Ги храни добрите бактерии во дигестивниот систем;
– Учествува во создавање на масна киселина бутират која служи како главен извор наенергија за клетките на дебелото црево со што се подобрува неговата функција; (зголеменото ниво на бутират придонесува до зголемување на GABA (gamma amino butyric acid) која може да влијае во подобрување на спиењето);
– Ја подобрува инсулин сензитивноста;
– Ја подобрува состојбата и работата на тенкото и дебело црево ( предизвикува хипертрофија на цревните ѕидови правејќи ги робусни подобрувајки ја нивната функција)
– Го регулира нивото на глукоза и спречува појава на осцилации при внес на храна;
– Може да игра улога на прочистувач од штетни бактерии, исфрлувајки ги истите преку изметот;
– Ја подобрува абропцијата на магнезиум преку подобрување на цревната флора;
– Го подобрува нивото на нивото на липиди (го намалува нивото на лош-HDL холестерол)

Видови и храна богата со резистентен скроб (РС)

Постојат неколку вида на резистентен скроб:

  • РС е оставен дел од клеточниот ѕид на растенијата како гравот, зрнеста храна и семки;
  • РС во сурова состојба го има во компирите и бананитеч;
  • Зготвен и оладен скроб (оладени компири, грав и друга зрнеста храна);
  • RS  во вид на прашок (додаток во исхраната);

Да резимираме. Добар извор на „отпорен” скроб се:

  • Зготвени ОЛАДЕН ориз;
  • Зготвен и ОЛАДЕН компир;
  • ЗЕЛЕНА банана;
  • Оладена мешунаста храна;
  • РС во форма на суплемент;

Негативни ефекти со кои можете да се сретнете се: појава на гасови, подуеност, грчеви, диареа, запек, главоболка. Дококу сакате да ги избегнете горенаведените симптоми започнете со конзумирање на мали дози на резистентен скроб и експериментирајте со храната за да видите кој извор на РС ви одговара највеќе. Исто така можете да внесете храна богата со пробиотици како кефир, јогурт, комбуха или преку употреба на суплементи.

Наредниот пат кога ќе подготвите компири или ориз остатокот ставете го во фрижидер и уживајте наредниот ден во остатоците, а кога во супермаркет одлучете се за зелените банани кој никој не ги сака.