Подмачкано со Алгасан

Интервју со Бине Жалохaр – Профи фристајл скијач од Словенија

Како дел од овогодинашниот ЕХО фестивал беше и гостинот Бине Жалохер од Словенија, професионален фристајл и фрирајд скијач кој имаше своја презентација и проекција на филмот „Untouched”. Бине беше расположен и за малку качување на секогаш прекрасната Матка, а во истиот тој убав ден направивме и кратко видео интервју за него, неговата пасија и погледите кон активниот животен стил.