Комерцијален текст

Утринска јога – 5 витални причини

Многу луѓе сметаат дека не се „ранобудци” и станувањето им е проблематично, но има и такви што уживаат во утринската тишина, мирот и можностите што им ги нуди утрото, бидејќи ги препознале неговите придобивки.

Наутро можеме да бидеме најпродуктивни, но ефектот се мултиплицира на повеќе полиња доколку практикуваме утринска јога. Тогаш работиме на своето здравје во целост, умствено, физички и спиритуaлно. Промените се чувствуваат и генерално во живтотот.

Покрај подобрената умствена активност и смиреност добиваме енергично, разгибано, лесно тело кое е подготвено за денот што следува. Многу билионери во светот имаат навика да станат рано наутро и прво да изработат утринска јога пред да започнат со своите работни обврски.

Како мотивација имаме пет докажани витални причини ЗА утринска јога практика:

1. Утринската јога го регулира биоритмот и ги балансира хормоните;

– Кога ќе почнете да станувате во исто време (и по можност да легнувате во исто време), вашето тело ќе се навикне на рутината и нема да ви биде потребен аларм туку самите лесно и енергично ќе се будите.
– со редовно практикување на правилно дишење, асани и медитација го регулирате ендокриниот систем, односно ги доведувате во баланс хормоните и лимфните жлезди.

2. Утринската јога помага при создавање на здрава и континуирана навика;

– 90% од истражувањата покажуваат дека оние што вежбаат редовно (повеќе од 3 пати неделно) се утрински вежбачи. Повеќето луѓе живеат живот исполнет со обврски каде времето е многу ценето. Разбирливо е дека е тешко да се вклопи јога час во текот на денот или попладне кога веќе се чувствувате многу исцрпени.

– Чувството на себе-издигнување кое доаѓа од дисциплината на вашата рутина ја зголемува менталната сила на сите полиња во животот. Замислете го чувството дека сте извежбале јога, а не е ни 8 часот наутро.

3. Утринската јога создава услови за смирен и приземјен ден;

– Утринската активност ќе ви го предодреди остатокот од денот. Важноста на смиреноста и приземјеноста пред да се втурнеме во хаосот на секојдневието не треба да се потцени. Умот е крал на вашето тело, но дишењето е крал на умот.

– При утринската јога практика вие ќе практикувате љубов и сочувство кон сите живи суштества која ќе ве прати низ целиот ден. Вашата вибрација ќе се зголеми и другите ќе го почувствуваат тоа, така што ќе ви возвраќаат на исти начин. Љубовта е повисока вибрација или фрекфенција, а со конктинуирано практикување јога се подесувате на оваа фрекфренција и свесно ја подигате својата вибрација.

4. Утринската јога го забрзува метаболизмот така што ќе потрошите повеќе калории во текот на денот;

– Одредени типови на јога помагаат при забрзување на метаболизмот, што значи дека можете да јадете повеќе и побрзо да согорувате калории.

– Кога вежбате јога наутро вие ја подобрувате дигестијата и им помагате на хранливите материи да се движат во вашето тело. Кога телото ќе ги добие сите хранливи состојки што му се потребни, ќе започне побрзо да ги преработува мастите и јаглехидратите.

5. Утринската јога е одлична замена за кофеинот.

– Специфичниот начин на дишење кое се практикува при утринска јога го стимулира целото тело и умот. Сиот вдишен кислород ве буди како и кофеинот, иако за разлика од кафето и чајот, енергијата што ја добивате при практикување пранајама трае цел ден.

– Вие ќе се чувствувате енергични и приземјени во исто време, а со тоа и продуктивни за да завршите повеќе работи во денот. Дури и во деновите кога ќе се разбудите уморни, по завршувањето на часот ќе ги почувствувате позитивните промени.

Ако навистина не сте утрински тип или сеуште не сте се обиделе да бидете, ве охрабруваме барем да се обидете. Пробајте една недела или еден месец да инкорпорирате утринска јога во својата дневна рутина и сигурно ќе најдете повеќе позитивни причини од овие што веќе ги наброивме.

Ние ви нудиме утринска јога секоја среда и петок од 7:15-8:30 часот.

Цена за еден месец е 1200 денари, додека единечен час чини 200 денари.