Маратоните во Љубљана и Подгорица со голем број на тркачи од Македонија

Вчера на маратоните во Љубљана и Подгорица учествуваа голем број на тркачи од Македонија. Честитки за сите нив.

Но посебните честитки одат за одличните резултати на Атанас Анчевски кој на полумаратонската трка во Љубљана го освои 9-то место со време од 1:13:12 и за 18-годишниот Дарио Ивановски кој на полумаратонската трка во Подгорица го освои 4-то место со резултат 1:14:54. Честитки момци!