Шитаке паштета

Еве една поинаква консумација на хранливите шитаке печурки. Се мачка на што било, но и така се јаде.
- 1 канче шитаке печурки (500г)
- 1 шолја ореви
- 1 среден кромид
- 1 лажица хималајска сол
- 1 каф. лажиче бибер
- 3 чешниња лук
- магдонос
- босилек
- маслиново масло
ПОДГОТОВКА
1 Печурките и кромидот се запржуваат со малку масло во соодветна тава што не лепи.
2 Кога малку ќе омекнат им се додава лукче, магдонос, босилек, сол и бибер.
3 Кратко се мешаат и се тргаат на страна да се оладат.
4 Оревите можете да ги запечете во рерна 5 минути на 150 степени, но и не морате.
5 Се мешаат оревите и останатите состојки и се блендираат додека не се добие скоро хомогена смеса – паштета.