Потпишан договор за соработка помеѓу МОК и ФФОЗС

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и деканот на ФФОЗС, проф. д-р Вуjица Живковиќ денес потпишаа Договор за соработка кој произлегува од големата потреба за развој на двете институции во рамките на организирање на заеднички активности во областа на Олимпизмот, спортoт и физичкото образование. Двете институции заеднички ќе работат на изготвување на заеднички проекти за развој на врвниот спорт и посебно на програмите на олимписките кандидати, а заеднички ќе организираат и стручни едукативни настани насочени кон јакнење на спортскиот систем во Република Македонија.