16 медали за Македонските БЏЏ претставници

Македонските БЏЏ претставници се вратија со 16 медали и ТРЕТ НАЈДОБАР Тим на “Montana BJJ Open 2015” – Бугарија

Нашите претставници кои ја претставуваа македонската БЏЏ школа, Македонската Федерација за БЏЏ и првиот клуб за БЏЏ во Македонија “ROOTS BJJ” учествуваа на меѓународниот турнир во бразилска џиу џица кој се одржа во Монтана, Бугарија со освоени 16 медали и беа ТРЕТ НАЈДОБАР ТИМ на тунирот.

Нашите најмали членови имаа 6 борби и на сите 6 борби извојуваа победи.