МОК - дел од ЕУ фондовите

Македонија дел од Европска недела на спортот 2016

Во Париз, Франција се одржа средба на националните олимписки комитети од Македонија, Италија, Шпанија, Франција, Литванија и Португалија кои заеднички ќе учествуват во проектот “Европска недела на спортот 2016”.

Овој проект е одобрен од страна на Европската комисија како дел од “Ерасмус +” програмата на Европската Унија.

Ова е големо признание за Македонскиот олимписки комитет, кој е влезен во овој проект врз основа на своите минати проекти, посебно препознати од страна на Европските олимписки комитети, но и од Европската Унија. Овој европски проект директно се фокусира на целите на “Ерасмус +” програмaта на Европската Комисија, цели кои се насочени кон промоција на базичниот спорт, на свеста за важноста на здравјето заради физичката активност (#бидиактивен), преку зголемено учество и еднаков приод кон спорт за сите.