Неколку знаци дека имате вишок на стрес хормони

Стресот во последно го доживуваме како нормален додаток на секојдневниот живот, а животот без стрес некако не се вклопува менталната сликата за една активна, здрава и успешна млада индивидуа, туку напротив некако се почесто трагаме по живот со силна адренална стимулација…

Главен стрес хормон во нашето тело е кортизолот. Кога се наоѓаме во стресна ситуација, кортизолот го подготвува телото соодветно да одговори на повикот, преку зголемување на срцевиот ритам, зголемена алертност, покачување на нивото на шеќер за поголема енергија и на крај спремност на мускулите да побегнеме од предаторот во буквална смисла…

Бидејќи модерниот предатор е најчесто шефот, па не побегнуваме од него, туку остануваме на состанокот до крај, тој вишок на стрес хормони негативно се одразува на системот, а можете да го препознаете преку следниве неколку знаци и симптоми…

ГЛАВОБОЛКА, ГРБОБОЛКА…

Кога надбубрежните подолго време се истоштени од зголемено создавање на хормони, нивната работа почнува да опаѓа, па телото надокнадува преку продукција на други  хормони кои реагираат на стрес како што е пролактинот. На тој начин доаѓа до појава на хиперсензитивност и зголема осетливост на болка, па дури дури и најмали движења може да ви предизвикаат главоболки или болки во телото.

НЕНАСПАНОСТ

Нивото на кортизол нормално опаѓа во ноќните часови кога телото и нервниот систем треба да се релаксираат, но ако имате зголемено ниво на стрес хормони, без разлика колку сте уморни може повторно да останете без сон и пак да бидете уморни следниот ден.

ВИШОК КИЛОГРАМИ

Без разлика колку упорно вежбате и се храните балансирано, добивате сантиметри во обемот. Тоа е еден од ефектите на кортизолот, кој доведува до абдоминален обезитет, односно концентрирање на маснотии во стомачната регија.

ПОДЛОЖНИ СТЕ НА ИНФЕКЦИИ

Стрес хормоните ги деактивираат механизмите за регенерација и ја намалуваат  одбрамбената способност на имуниот систем, па лесно сте подложни на настинки, грип, инфекции и потешко заздравувате од истите.

ТЕШКО ГО КОНТРОЛИРАТЕ АПЕТИТОТ

Особено кога станува збор за слатка храна. Кортизолот го покачува нивото на шеќер во крвта, кое и брзо се истрошува, па чувствувате потреба за слатка храна и најчесто правите нездрав избор кога станува збор за оброците.

СЕКСУАЛНИТЕ НАГОНИ ЗГАСНУВААТ

Стесот делува негативно врз сексуалниот живот, така што ја гаси желбата за милување со партнерот, преку супресија на тестостеронот, хормон кој е задолжен токму за покачување на сексуалната желба.

ДИГЕСТИВНИОТ ТРАКТ РЕАГИРА

Особено чувствителни на стрес се желудникот и цревата, па најчесто како резултат на високо ниво на кортизол доаѓа до отежнато варење на храната, гадење, абдоминална болка, грчеви, опстипација…

АНКСИОЗНОСТ ИЛИ ДЕПРЕСИЈА

Под дејство на кортизолот доаѓа до намалено лачење на серототнин, хормонот на среќата, па може да се чувствувате депресивно, а понекогаш промените во расположението може да бидат во насока на параноја и анскиозност.


Ако се препознавате во набројаните симтоми вам ви е потребна АНТИ-СТРЕС ВАКЦИНА!!


 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија