Македонска Доминација во КросФит

Изминатиот викенд во Нишка Бања беше одржан КросФит натпревар во организација на Легионари Нишка Бања, Милан Грозданович, таканаречен „Операција Пандора”. Се натпреваруваа повеќе од 60 натпреварувачи од Србија, Црна Гора и Македонија во 4 категории.

Натпреварувањето траеше еден ден каде натпреварувачите го докажуваат својот фитнес преку 3 вежби, плус 1 во финалето.

Ова е листата на вежби
WOD 1
12 min time cap
21-15-9
20 m sprint
Hang Squat Snatch
Ring Dips

Начин на работа: За најкратко време за скоја од овие три вежби треба да се направат 21 повторување, па 15 повторувања, 9 повторувања. Временското ограничување е 12 мин.

WOD 2
6min time cap
20m handstand walk
For the rest of time
establish 1RM Cluster
Rest 1 min then

WOD 3
With 1RM cluster weight 5 x Deadlift
10 x pistols (чучањ на една нога)
5 x Muscle ups

Начин на работа: Вежбите 2 и 3 беа безмалку споени со пауза од 1 мин. За време од 6 минути треба се да се направат: да се изодат 20 метра на раце и во остатокот на времето требаше да се подигне најголема килажа од Подигнување со Исфрлање без задршка. На овој линк може да видите како изгледа тоа движење:

Нашиот натпреварувач Жарко Батиќ подигна максимални 120 килограми.
Потоа со истата подигната килажа за за време треба да направат 5 х Мртви подигнувања, па 10 чучњеви на една нога (од нога) со 5 х подигнувања на карики.

Финалната вежба беше:
WOD 4
For time
30 x Thursters 60 kg

Начин на работа: За најкратко време да се направат 30 х Трастерс со 60 килограми тег. На овој линк може да го видите ова движење:

На оваа вежба нашиот на Жарко Батиќ ги направи овие 30 повторувања непрекинато со што си го осигура првото место.

Победник во Про категорија беше Жарко Батиќ од КросФит Скопје, кој со три први места од вкупно 4 вежби во еден ден доминираше на сцената. Второто место го зазема нашиот втор натпреварувач од Македонија Оливер Целески од Нагоми Фитнес, додека третото месту му припадна на Урош Смиљанич од Фитнес Револуција од Ниш.

Нашите двајца натпреварувачи комплетно доминираа на ова натпреварување. Но сепак фокусот е ставен на големото регионално натпреварување во Белград на 3 и 4 Октомври – Serbian Throwdown (линк).

Жарко Батиќ и Оливер Целески се нашите најдобри и единствени КросФит натпреварувачи од Македонија кои се натпреваруваат на регионално и светско ниво. Затоа потребна им нашата поддршка. Ги покануваме сите љубители на КросФит-от да ги бодрат нашите натпреварувачи во Белград.