Планинарски домови на Шара

Планинарски дом „Љуботен” – Љуботен

Домот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г.

Домот е поставен над букова шума и од него се отвора прекрасен поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег. Домот за викендите е отворен и во текот на целата година, но сепак се препорачува претходна најава кај домарот.

Капацитетот на домот е 35 легла заедничка тарпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода. Во домот може да се набави пијалок и храна, а по желба се подготвуваат и традиционални јадења.

Информации кај домарот Димоски Митко на телефон 070 515 480 или во ПК Љуботен – Тетово.

„Вила Љуботен” – Љуботен

„Вила Љуботен” се наоѓа на надморска височина од 1600 метри, истата е комплетно опремена почувајќи од паркинг, четири спални соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и дневен престој со TV. Со еден збор се што е потребно. До Вилата се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат и маркирана патека која започнува од информативната табла во селото.

Во оваа вила, утринското кафе може да го пиете во друштво со планините, под дебела сенка да се ладите со егзотичен коктел, а кога вечерате, над вас моќно ќе бдее Љуботен. Со претходна најава на 075 408 500 Васе и 075 349 999 Мирослав може да ја почуствувате топлина во Вашата душа. www.vilaljuboten.com

Планинарски дом „Љуботен” – Попова Шапка

Домот се наоѓа на височина од 1825м. на Попова Шапка веднаш позади Детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка. Карактеристично за овој дом е тоа што е највисоко поставен од сите објекти на Попова Шапка.

Со претходна најава во планинарскиот клуб Љуботен секој може да го користи овој дом. Домот располага со 10 легла што го прави интимен за разлика од другите домови. Има постојан дотек на вода и електрична енергија.

Информации во Планинарски клуб Љуботен или на www.pkljuboten.org.mk

Планинарски дом „Смрека” – Попова Шапка

Домот се наоѓа на височина од 1800 м. на Попова Шапка веднаш под детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка. Домот е отворен во текот на целата година, но се препорачува претходна најава.

Капацитетот на домот е 80 легла по соби од 4, 6 и 10 кревети, заедничка трпезарија, дневен престој и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода, и во истиот може да се набави пијалок и храна.

Информации кај Костадинов Зоран 070 641 998.

Планинарски дом „Шарски Води” – Шарски Води

Поранешна стражарска куќа на ЕСМ, на 1330 мнв, пристап од Гостивар до с. Горно Јеловце 6 км. асфалт и уште 7 км. по макадам пат до домот. Домот се наоѓа под ладовините на буките и боровите на самиот пат по каналот Шарски Води.

Капацитетот е 8 легла, има струја, а вода има само во дворот. Во дворот на домот можно е поставување на шатори за кампување до 50 лица.

Домот е од затворен тип, но во договор со домаќините може да се користи.

Со домот стопанисува ПД „Бистра” од Гостивар. Контакт тел: 042/214-505 и 070/296-747

Планинарски дом ” Sharri” – Шарски Води

Планинарскиот дом ” Sharri” од Гостивар се наоѓа на 1300 м. надморска висина. Има капацитет со 8 легла, снабдено е со вода, двор со голема површина кој е заграден и има помошни простории.

Во кругот на дворот можно е поставување на шатори. Летниковец кое освен за одмор, може да користи за заеднички ручек и дружење. Летниковецот е оспособен за 25 лица, покриен. Нема довод на електрична енергија.

Можен пристап до домот: Врањове – Планинарски дом 4 км.; Зубовце – Н.Село – Планинарски дом 7 км.; Долно Јеловце – Планинарски дом 9 км.

Домот се наоѓа над каналот Шарски Води. Контакт лице: Ќерим Абази 070 504 274

ИЗВОР