Три медали за македонските претставници на „Belgrade No-GI Open“

Овој викенд во Белград заврши меѓународниот турнир во граплинг на коj нашиот македонски тим составен од тројца натпреварувачи, членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ” од Скопје освои 3 медали.

Иван Милошев се бореше во потешка категорија и после 4 победи го освои првото место – златен медал.

Во апсолутната категорија Милошев во првата борба извојуваше победа, но следниот негов противник беше скоро 50 килограми потежок. На два пати Милошев имаше шанса со триаголник да ја заврши борбата, но 50 кг. си се 50 кг. и таа сила кај потежок противник беше пресудна.

Александар Заткоски (носител на виолетов појас) и Стефан Пецевски (носител на плав појас) се натпреваруваа во Напредната Категорија во која беа сместени сите плави, виолетови, кафени и црни појаси. Истоатака во оваа категорија важеа и правилата како за кафени и црни појаси на кои нашите представници не се навикнати (зафати на нозе).

Затксоки победи во полуфиналната борба против поискусен противник, а во финалето на поени загуби од далеку посикусниот борец од Црна Гора, носител на кафен појас во БЏЏ.

На вчерашниот турнир најмногу беше оштетен Стефан Пецевски. Тој својата прва борба ја доби против многу поискусниот натпреварувач од Црна Гора и носител на кафен појас во БЏЏ (по борбата имаше забелешка од неговиот противник кој му ја честита победата дека оваа борба трела помалку од 5 минути – борбата требаше да трае 6 минути и по прегледување на нашите снимки очигледно е дека борбата трае помалку од потребното време од 6 минути. Оваа борба Пецевски ја победи со 6:0. Во следната борба против искусниот противник од Грција, Пецевски ја загуби борбата со зафат на ногата кој беше забренет (зафат на коленото).

Гркот со таа техника го освои и финалето, па по поплаките од дргите оштетени, по прегледувањето на снимките се констатира дека оваа техника е забранета, но по завршување на борбите никогаш не било донесена поинаква одлука од таа што е веќе донесена и организаторот одлучи да остане така како што е (овој пропуст околу судиите колку и да се труди организаторот не е во можност да го реши и надмине. Сепак ќе треба да поминат повеќе години, да се изградат судии со поголемо искуство. За да биде овој ден за Пецевски уште полош, иако имаше победа и требаше да се закити со бронзен медал, поради организациски пропуст во неговата категорија и лошата поставеност на паровите, Пецевски со победа не зема борнзен медал, но натпреварувач од истата категорија кој изгуби се здоби со бронзен медал.

Сè на сè нашите борци ја претставија нашата држава, нашата БЏЏ Федерација, нашиот тим од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” на врвно ниво. Имаа потешки и поискусни противници, имаа против себе носители на повисоки појаси во БЏЏ, сепак покажаа срце и зелба за победа.

Наша следна цел е предстојниот турнир во БЏЏ во Бугарија кој ќе се одржи на 10.10.2015 година.

Автор

Federacija na Makedonija za Brazilska Jiu Jitsa

Скопје

Македонија