EDF method : A new era of Kinesio taping

Работилница за Кинезиотејпинг со Кензо Казе

На 29 Август во Белград се одржа настан од светски ранг на кој беа присустни седум интернационални предавачи сертифицирани Кинезиотејпинг терапевти и иноваторот на оваа светска техника Г-дин Кензо Казе.

Програмата беше составена од седум истражувања спроведени за докажување на ефективноста од примената на кинезитејпингот .

Г-дин Кензо Касе на присутните ја пренесе новата  EDF метода како нова ера во кинезитејпингот.

Кинезиотејпингот е рехабилитациона техника ,која е дизајнирана да го олесни природниот процес на оздравување на организмот ,овозможувајќи подршка и стабилност на мускулите и зглобовите ,без да го ограничуваат нормалното движење на телото.

На овој исклучително значаен настан за Физиотерапевтската фела присуствуваа и членови на Здружениетона Физиотерапевти на Македонија кои има можност и директно со Г-дин Кензо Касе да дебатираат за новостите во Кинезитејпингот.

На македонскиот пазар за наша среќа се достапни оригиналните Кинезио тејпинг траки, потребно е само да се консултирате со својот физиотерапевт за да ви даде информации за набавка.