Сендвич со смокви и пршута

Сите сетила се будат, ама ќе ви текне зошто откако ќе си ја потпечете оваа комбинација. Не за џабе Клеопатра сакала смокви…

 
  • 5-6 непрезреани смокви
  • интегрален леб
  • 50 грама пршута
  • 5 листови кашкавал
  • малку пармезан
  • босилек
 

1. Лебот служи како основа, се ренда кашкавал, па пршута и на крај смоквите.

2. Декорирате со босилек и се пече на 200 степени околу 10 минути.

3. Потоа останува да отворите некое добро бело вино и да уживате. На здравје!