Пикантен млечен намаз

За сите љубители на луто ова е одлично пикантно макалце кое лесно може да заврши на лепче, во сендвич или во кутивче за на планина…

 
  • 10 лути пиперчиња
  • Китка магдонос
  • 300 грама крем сирење
  • 2 чешниња лук
 

1. Лукчето се толчи со малку сол.

2.Пиперчињата се сецкаат ситно, ако сакате многу луто макалце искористете ги и семчињата.

3. Магдоносот исто се ситни и сите состојки се мешаат.

4. На крај се додава црн бибер.