Македонска екипа поаѓа на бугарскиот ултрамаратон – Персенк

Група од деветмина македонски планински тркачи денеска заминуваат за Асеновград, Бугарија во близина на Пловдив откаде ќе биде стартот на најтешкиот планински ултрамаратон во Бугарија – Персенк Ултра. 

Планинскиот ултрамаратон Персенк се одржува веќе трета година по ред на падините и врвовите на Родопските Планини во јужниот дел од Бугарија. Тој се смета за најтежок оваа категорија и еден од поквалитетно организираните. 

Оваа година на репертоарот се три различни трки, најдолгата и најтешката Персенк која е во должина од 130 километри со 5300 Д+, Орехово Ултра која е долга 80 километри и совладува висинска од 3500 Д+ и најкратката Асеновград – 20К со 1300 Д+. Ултрамаратоните Персенк и Орехово стартуваат на полноќ овој петок према сабота (22.08) додека Асеновград рано изутрина во сабота. 

Од Македонија на овој настан ќе земе учество поголема екипа на љубители на овој спорт во двете подолги трки. Александар Таковски, Јовица Јованчев и Жикица Ивановски ќе стартуваат на Персенк, а Тања Пенева, Светлана Стојаноска, Игор Пирковски, Михаил Стефанов, Игор Јовановски и Димитар Поповски одат на Орехово. 

На трката Персенк која се одржа пред две години Жикица Ивановски од TREX заврши на второто место, а оваа година иако конкуренцијата е зголемена нашите тркачи имаат одлични шанси за солиден настап. 

Прогнозата вели дека на убавите Родопи вечерта ќе врне, па да им дадеме соодветна поддршка на нашите спортисти.

Автор

TREX

Скопје

Македонија