Битката со сопствените стравови, сомнежи, демони

“Strength does not come from physical capacity. It comes from an indomitable will.” – „Силата не доаѓа од физичките капацитети, таа доаѓа од непокорливата волја.“ / Махатма Ганди –  Пред неколку дена додека правев кардио сам во теретана, размислував за тоа што всушност е бодибилдингот, нешто што едвај може да се нарече СПОРТ.

Зашто некој би сакал свесно да го носи сопственото тело низ психофизичка тортура, која носи на моменти до раб на излуденост? Зашто некој би се борел против своите инстикти, кога секоја клетка вришти да престанеш, а ти се тераш да направиш уште 3 повторувања? Зошто некој би сакал да не може да заспие од што е гладен и да се разбуди со истиот тој глад да прави кардио на празен стомак, а сепак да ја пика главата во перница и да се бори против основните инстикти за преживување? Кога би бил нем посматрач на некој што, ќе повторам – СВЕСНО се става себе си низ тоа, би си рекол дека дефинитивно без да се прашам два пати, му фали нешто…

Кога ќе ги тргнеме на страна финалните производи, односно телото во дефинирана фаза, овековечено преку професионални апарати, со убаво светло, убави сенки, бои, филтри, насмевки, интересни коментари, кога се тоа ќе се подзаборави, процесот додека да се дојде до тоа и не е баш највесел. Не е нешто што секој би го правел. Не само што не би го правел, туку кога и би се одлучил да го прави, поголем дел не би успеале. Зашто ?

Едноставно…затоа што бара пред сè огромна желба и пасија, армиска дисциплина, посветеност, истрајност, и многу, многу, мнооогу пот и труд…Нешто што не може да се забележи на една добро обработена фотографија. Поттикнува една битка, битка од која една личност може најдобро себеси да се спознае – а тоа е битката со самиот себе. Битката со сопствените стравови, сомнежи, демони…Кога таа битка еднаш ќе се добие, се добиваат нови сознанија за себе, нови хоризонти, нови размислувања, нови можности. Некои никогаш не ја добиваат таа битка, а некои не ни знаат дека постои…

Видеово е еден мал фрагмент, дел од секунда како изгледа таа битка… Иако никогаш не може да се долови и опише освен да се почувствува, креативноста за создавање на видео и негово моделирање на Томислав Јовановски и умешноста за професионално снимање на Амел Амед можеби ќе долови само еден мал дел.. Можеби, а може и не. Уживајте.

Автор

Mario Jovanovski

Скопје

Македонија