Се грижиме за патеките на Шара

Некаде од почетокот на јули 2015, нашиот клуб започна со имплементирање на дел од активностите предвидени со проектот PEAK OF THE BALKANS , проект на GIZ-RED Skopje.

Некаде од почетокот на јули 2015, нашиот клуб започна со имплементирање на дел од активностите предвидени со проектот PEAK OF THE BALKANS , проект на GIZ-RED Skopje. Активностите се состојат од сондирање, расчистување, обележување (маркирање) и поставување на планинарска сигнализација на девет (9) патеки на Шар Планина.

Обележувањето се врши според Declaration of Bechyne, ERA (European Ramblers Association) стандардите и Законот за планински патеки на РМ. Се работи за обележување на девет патеки од кој седум се нови патеки. Во рамките на ова обележување се ремаркираат и дел од веќе постоечките патеки кои служат како конекција помеѓу новите девет патеки.

Активностите се во тек, до сега 35% од работата е завршена остануваа да се домаркираат одредени сегменти од патеките и да се постави планинарската сигнализација. Ги известуваме сите кои овие денови ја посетуваат Шар Планина, дека може да започнат да се движат по маркирана патека и вдолж патеката маркацијата да е прекината.

Ве информираме, се’ уште не се потпирајте на новите маркации затоа што истите се’ уште не се завршени. До крајот на септември оваа година, сите горенаведени патеки ќе бидат комплетно завршени по што ќе Ве информираме за кои патеки станува збор, нивната функција и нивната меѓусебна конекција.