Шарпланински Скајрејс

Одржана фантастична трка на Шара, Марјан Бонев од TREX на првата позиција

Изминатиов викенд на националниот празник Илинден во рамки на српската Скајранинг Лига беше одржана првата прекугранична трка во планинско трчање – Шарпланински Скајрејс на која првото место го освои нашиот тркач Марјан Бонев. 

Трката беше прва од ваков карактер во регионот, која стартуваше во една држава, Косово, а финишираше во Старо Село, Македонија со патека која водеше преку високите врвови Пирибег и Љуботен на моќната Шара. 

Истата беше организирана од Скајранинг Србија и беше дел од првото издание на српската Скајранинг Лига, од македонското здружение на планински тркачи TREX и Бели Вук од Штрпце.

Во конкуренција од околу 70 натпреварувачи кои стартуваа на 33 километарската трка прво место во машка конкуренција го зема нашиот одличен Марјан Бонев со време од 4:30, а набргу по него финишираа Ненад Живковиќ и Душко Момиќ од Србија. 

Во женска конкуренција прва беше Марина Николиќ од Србија, второ место зема Ведрана Јериќ Милош од Хрватска и трета беше Ана Милосављевиќ.

Покрај Марјан Бонев на првото место важно е и да се напомене и одличиот настап на сите други македонски тркачи кои во поголем број успеаја да ја завршат трката, а дури шест од нив влегоа и во првите 10 во машка конкуренција. 

Таа имаше старт во Штрпце, за преку големо качување од 1700 метри надморска височина и низ скијачкиот центар Брезовица да се искачи на 2520 метри високиот Пирибег. Од таму трката ги водеше натпреварувачите по сртот према Ливадички врв и тешкиот Љуботен и следеше стрмно спуштање до планинарскиот дом Љуботен и Старо Село. 

Настанот поради самите предиспозиции на права „небесна” трка и поради жешкото време беше за секого огомен предизвик да се заврши, а во временскиот лимит од 7 часа успеаја да ја завршат само 32 натпреварувачи.

Резултати ТУКА

 

Автор

TREX

Скопје

Македонија