Бонев повторно на комшиски подиум, овојпат на Проклетие

На првото издание од српската Скајранинг лига која се одржува оваа сезона македонските планински тркачи досега се имаат покажано во одлично издание, освојувајќи повеќе подиуми. Овој викенд, Марјан Бонев беше повторно меѓу првите на вертикалниот километар на Проклетие. 

Планинскиот масив Проклетие со неговите стрмни и технички доста тешки патеки овој викенд беше домаќин на вертикалниот километар во склоп на српската Скајранинг лига. Ова е прва сезона како се одржуваа оваа лига во планинско трчање кај нашиот северен сосед, а оваа трка беше шестта од вкупно осум за оваа сезона. 

На скоро сите овие трки македонските планински тркачи од TREX учествуваа во прекрасните натпреварувачки моменти, а неколкупати Јовица Јованчев и Марјан Бонев ги освојуваа подиумите. 

Вертикалниот километар на Проклетие беше долг 3,2 километри со стрмно искачување на 1000 метри висина по технички исклучително тежок терен полн со остри камења и сипари. 

Нашиот специјалист за вакви трки, Марјан Бонев, успеа да заврши со одлично време од 39:03 на второто место веднаш зад Црногорецот Јанко Гардович кој заврши минута пред него. 

Следна трка која што со нетрпение ја очекуваме е прекуграничниот скајрејс на Шар Планина кој ќе тргнува од Штрпце во Косово, а завршува во Старо Село Македонија. Трката ќе се одржи овој викенд на кој следи вистинско планинско уживање долго 33 километри исполнето со врвовите Пирибег и Љуботен. 

Автор

TREX

Скопје

Македонија