Демир Капија - ВДД

Конечно во Демир Капија пробиен патот до старите сектори

Викендов СКК Екстрем повторно во посета на Демир Капија. Бевме пријатно изненадени што конечно беше пробиен патот до старите сектори. Реката почнува да добива природен тек, спуштено е нивото на песокот и се надеваме дека за одреден период се ќе се врати по старо.

Бевме на ВДД секторот. Малку зачистивме, ги тргнавме дрвата. Ги повторивме старите добри насоки на ВДД – Три Лава 6C+, Црна2 – 7A+, ВДД – 7A+, Летечка Дијана – 7A. Сите се во супер состојба и спремни за качување. Сите насоки се кратки, интензивни одлични за тренинг.

Автор

SKK eXtreme

Скопје

Македонија