Комерцијален текст

Одличен 24-часовен бизнис центар

Ново во Хотел Долче Интернационал: Бизнис центар кој што е отворен 24 часа.

Луксузниот хотел Долче Интернационал им нуди сè што им е потребно на своите посетители во Скопје. Во склоп на своите 4 ѕвезди сјае и модерно опремена конференциска сала – Бизнис центар.

Бидејќи околу 80% од посетителите во Долче се бизнис гости, бизнис центарот е една од клучните алатки. Модерно опремен, со солидна аудио и видео техника и капацитет од 20 луѓе, бизнис центарот ќе ги задоволи вашите потреби од организирање на семинари, состаноци, обуки, прес-конференции до неформални собири со вашите колеги – ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ.

Во мирна и тивка околина, а сепак во центарот на сите културни збиднувања, со сопствен паркинг и кафе пауза вклучена во редовната цена, Долче Интернационал Ве кани и Ви посакува секој ваш бизнис состанок да го заклучите со успех.