Катерина Николовска со велосипедско сребро во Грција

Македонската велосипедска федерација со репрезентацијата во планински велосипедизам на 4 и 5 јули овој викенд настапи на Балканијадата во Грција.
Во репрезентативниот дрес се натпреваруваа 11 велосипедисти од кои 4 во женска и 7 во машка категорија се натпреваруваа за подиум. На натпреварот учествуваа 10 балкански земји, а истиот се возеше во кругови од кои еден круг беше долг 4200 метри и имаше 230 метри искачување.
Најдобар пласман освои велосипедистката Катерина Николовска од клубот „Енерџи” од Скопје. Катерина го освои 2-то место во кетегорија кадети – жени. Андреа Будимовска пак го освои 4-тото место во истата категорија.
Останатите возачи имаа одличен настап, особено тие што за прв пат се натпреваруваа на меѓународна сцена.
Анета Антовска го освои 7-мото место, а Анета Величковска 9-тото во категорија ЕЛИТ – Жени.
Во категорија ЕЛИТ – Мажи
Левент Рифат – 18 место
Дарко Симоновски – 24 место
Бленди Троци – 26 место
Категорија КАДЕТИ – Мажи
Драган Јованов – 12 место
Категорија ЈУНИОРИ – Мажи
Филип Петрески – 15 место
Рибарџиски Влатко – 20 место
Хабиб Торе – 21 место