Кога ќе ти се заклати мостот кај Шишево

Крстарејќи ја Македонија во една од нашите МТБ тури, овојпат со Словенци на кои ова им е второ доаѓање во Македонија, се поминаа многу убави предели, Осогово, Берово, Мариово, Кожув, каде на една од турите се случи интересна случка која делумно е фатена на камера. 

За да не ве буни завршетокот на видеото… Додека го поминувавме, мостот во Шишево тој почна да се клати и последниот во групата за да не падне во река го џитна точакот и се фати за сајлите. Нормално, точакот падна во Треска, а браната  беше пуштена и нормално точакот си отиде… Го најдовме после три одења во сите села по ред,  му оставивме на рибарот пари како благодарност што го нашол и си го земавме назад. А Рибарот го нашол и извадил 2км подалеку од мостот закачен на врби.