Пливање со екипата на Специјална Олимпијада
Интензивни тренинзи по пливање во склоп на Специјална Олимпијада се одржуваат веќе три години на базенот во СЦ Борис Трајковски.
На тренинзите присуствуваат од 10 до 15 пливачи и тоа три пати неделно, а 4ца од нив ќе ја претставуваат РМ на Специјалната Олимпијада во Лос Анџелес ова лето.
Придобивките од овој спорт се огромни, како подобрување на целокупната физичка состојба и психомоторичките способности исто така и социјализација и осамостојување што се од особено значење за нашите атлети.