Едноставната тајна на јапонското здравје

Ако статистиката докажува дека Јапонките се најмалку дебели во светот и дека во Јапонија имало и има најмного 100годишници, веднаш следи прашањето за нивната тајна.

Нивниот одговор е едноставен – КВАЛИТЕТНИ ЖИВОТНИ НАВИКИ

Јапонците на крајот на оброкот наместо десерт најчесто пијат зелен чај. Јадењето на десерт се смета само за лоша навика. Ритуалот на пиење зелен чај во умерени количини, препорачано во предпладневните тајминзи дава одлични телесни полезности – одличен антиоксиданс, добра превентива кај кардиоваскуларните заболувања, антидијабетик и добар суплемент во варењето на храната.

Навиките за прејадување и презаситување кај Јапонците уште од рана возраст се строго контролирани. Ситоста како телесен сигнал за успешно обезбедување со храна се смета за лоша навика, а критичкиот однос кон она што треба да се изеде секогаш треба да кореспондира со квалитет, а не со квантитет.

Јапонците јадат многу суши. Рибата е основа на сушито, а тие статистички имаат најмалку проблеми со холестеролот во светот, како причина за редица на васкуларни проблеми. Заклучокот дека омега-3 масните киселини се добра причина за здравиот и долг живот е последователна.

Пешачењето како наједноставен, економски поддржан и здрав рекреативен модел е основа за рамнотежа од многу седење. Ако во нашиов свет препораките се 30-тина минути/ден во Јапонија кампањите се доста појаки – 2 часа/ден. Неколку години подолга живечка (со повеќе движење) е одлична мотивација во која секој добива а сигурно не губи.

Јапонците се нација која најмногу консумира ферментирана храна. Навиките за ваква храна сигурно обезбедуваат добар баланс на „добрите бактерии” во нашите црева.

Јапонците сакаат често да одат на доктор, ама на редовни превентивни прегледи најмалку еднашка годишно. Здравствената култура е сериозен позитивен „проблем” во Јапонија.