Моите лични очекувања беа исполнети

Завршив со моите настапи во дисциплината спуст каде што учествував на европско првенство кое што се одржа во Бања Лука, во дисциплината спринт бев 27ми, додека во дисциплината класик бев 32ри.

Потоа настапував во 3 Евро-купови од кои 2 се одржаа во Бихаќ каде што настапував во спринт и го освоив 6то место, додека во класик го освоив 7то место. Настапот го заокружив во финалето на Евро-куповите во Цеље-Словенија каде што се пласирав 14ти во спринт со што на конечната ранг листа на Европската кајак асоцијација (ЕCA) за 2015 сум 9ти. Потоа продолжив со настапи на Светските купови во Бовец – Словенија и Мурау -Австрија. Во Бовец во спринт бев 24, додека во класик бев 30ти.

Во Мурау во спринт бев 29, а во класик 30. Со што завршив на Светските купови на конечната ранг листа на Интернационалната кану федерација (ICF) за 2015 на 25тото место. За крај настапив на светското првенство во спринт кое се одржа во Виена-Австрија каде што завршив како 36ти. Моите лични очекувања беа исполнети, и се надевам дека со мојот настап на светското првенство во слалом, што ќе се одржи во септември во Лондон, дека ќе успеам да обезбедам пласман за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио Де Женеиро.