Бавча што дарува цела година

Тркалото се повеќе се свртува кон сопствено производство на основните потреби меѓу кои и домашната храна од која секоја фамилија си има огромни бенефити. Кога веќе се враќа домашното производство, прашањето е како најлесно да се направи цела година да биде сезона за бавчата од која ќе си берите здравје.

Одговорот е, бавчата треба да се унапреди во мини стакленична бавча. Тука има доста моменти кои треба да се совладаат ако сами ја правите, но да скратиме, може да биде доста едноставно и многу ефтино, оти многу луѓе му ја мислеле претходно.

Наидовме на еден таков пример каде јужно американците пронашле многу паметен начин како да скратат на трошоци и материјали за да си направат стаклена градина. Градините ги викаат Валипини, порано ги користеле во повисоките планински предели за да можат да одгледуваат зеленчуци и овошки во текот на целата година а сега веќе се распостранети низ целиот свет.

Валипини е дупка во бавчата со длабочина од 15 до 20 сантиметри покриена со пластични фолии. Целта на Вилипини градината е со ептен минимални средства најдобро да се искористат придобивките од пасивното сончево греење и одличните термални придобивки од земјата.

Дизајнот накратко следи вака, подолгата страна на дупката треба да биде поставена север-југ со што најдобро ќе може да се искористи сончевата светлина, ѕидот од северната страна се затвара со дебела пресирана земја, а на јужната страна од каде е влезот во градината кровот е спуштен подолу и е направен простор за врата. На овој начин надобро се искористува сончевата светлина за да се топли внатрешноста.

Топлината не само што директно се пренесува во просторијата туку и се наталожува во земјата која ја опкружува бавчатa и се рефлектира во текот на ноќта, овозможувајќи 24 часовна топлина во текот на ладните месеци. 

За подетални инструкции како да направите Валипини градина имате детален план ако кликнете ОВДЕ.

Трошоците за правење на ваква градина се многу мали, потребни се само најлонски филии, материјали за конструкција на покривот и систем за наводнување. Останатото се раци кои не се плашат од малку работа. За потсетување, резултатот од сопствено одгледување храна го имате ТУКА