Еве зошто е прекрасно да си тренер на деца

1. Затоа што  секогаш си во контакт со млади, а нивната енергија и динамичност се заразни!

2. Затоа што кога им зборуваш на момчињата, тие те слушаат најмногу 10 секунди, но во тие 10 секунди те слушаат со широко отворени очи!

3. Затоа што е убаво да се види како од група на деца од различни возрасти, физички особини, националности и општествени слоеви настанува тим кој победува!

4. Затоа што иако некогаш забораваш некои работи, кога треба да ги викниш „своите момци”, никогаш не им ги забораваш имињата!

5. Затоа што гледаш дека преку децата и семејствата почнуваат да се дружат, па се раѓаат нови пријателства!

6. Затоа што и кога после многу години ќе ги сретнеш „своите момци” тие секогаш ќе те поздрават, па макар и да се од другата страна на патот!

7. Затоа што сликата на некое дете кое го напушта теренот цел испотен и зацрвенет, но со насмевка на лицето, е една од најубавите слики во животот!

8. Затоа што кога повторно ќе ги видиш „своите момци” кои се сега пораснати и продолжиле да играат, ти доаѓа да помислиш дека и ти имаш заслуга за тоа!

9. Затоа што децата кога играат, секогаш се искрени, па те присилуваат и ти да бидеш таков со нив инаку ќе ја изгубиш нивната доверба и почит!