ПБК Безбедност со летен камп Дојран 2015.

Најпрво да испратиме поздрав и благодарност до сите оние кои помогнаа овој камп да се организира и на крај да заврши подобро од очекуваното. Благодарност до сите родители кои имаа доверба во стручниот штаб и ни ги доверија своите деца на овој камп.

Програмата за тренинзите и организација која беше предвидена е целосно исполнета. На кампот учествуваа 15 деца, зајакнување и ширење на пријателство помеѓу младите е првичната цел која е остварена. Трениравме, пливавме, се боревме, игравме разни игри, разговаравме и што уште не во поминатите 7 дена. До следната година, Спортски поздрав!