Македонија со свој претставник на Меѓународен Куп во Србија

ФК “Кул” учесник на Меѓународен Кикер Куп 2015

Фудбалската школа Кул се стекна со уште едно искуство како учесници на Меѓународен Куп во Краљево.

4 ти по ред Меѓународен Кикер Куп во фудбал за генерациите 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007 беше одржан од 18 до 21 јуни 2015 година. Учество заземаа екипи од Србија, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Румунија, Грција и Словенија.

Претставник од Македонија беше Фудбалската школа Кул која зазема учество со 2005 генерација и ги постигна следните резултати: Пожега – Кул 1:0; Кул – Жупа 3:0; НД – Кул 0:3; Дит – Кул 0:0.

Овој Меѓународен Куп беше предизвик за нашата школа, пред се да учествува, но и да стекне и да размени нови искуства со екипите од земјите учеснички. На голема жалост не стигнавме до финалето, но борбено и истрајно ги изигравме гореспоменатите натпревари. Се надеваме дека во иднина ќе постигнеме и поголеми успеси и ќе завемеме учество на уште многу вакви и слични натпреварувања. Голема благодарност до домаќините Кикер Краљево, кои ни овозможија учество во купот, гостопримство и дружба со учесниците на истиот Куп.