Треба уште многу многу километри

Едноставно не е мое ниво. Тоа е реалноста.. треба уште многу многу километри поминати во вода, на велосипед и во патики за да се стигне до некаде. Знам какви жртви имам дадено последни 10 месеци, се да биде до перфекција, но до тука.

За се’ над тоа си бара друг пристап и друга околина/ услови. Веќе е дојдено време каде спортот не е само да тренираш паметно и силно, туку многу многу повеќе фактори влијаат на резултатот, кои што се само мисловна именка за наши простори. Спортот е искрена работа и треба многу малку здрав разум за да знаеш кај се наоѓаш и до кај си… и многу пред да дојдеш на стартна линија, рамо до рамо со светска класа.

Она сто се случи на Burgas ETU Sprint Triathlon European Cup 2015 
Elite Category: Изгубив група на пливање, и после сам на велосипед е невозможно да не ти направат оверлап, освен ако не возиш 80 на  час.. со самото тоа што ќе те стигне група, добиваш црвен картон, и си тргнат од трката. Гејм оувер.

Како попарен сум буквално, знам дека секоја трка е искуство плус и добра школа.  Што се однесува до мене, нема никаков проблем, свесен сум за пласманот и за целиот ефорт. 

Како и да е, горд сум што имам чест да бидам амбасадор на својата земја на еден таков настан. И пак ќе кажам спортот е многу искрен поим, воопшто не е срамно да стигнеш до некаде со макотрпна и чесна работа. Со многу оставена крв и пот. До врвот не постои никаков шорт кат. Се’ останато е илузија за било каков напредок и резултат.