Геоморфологија на Шар Планина

Релјеф:

Полигенетски површини – тоа се најстарите релјефни форми на Шар Планина претставени во вид на брановидни зарамнини.

Доминантни планински врвови – Шар Планина се одликува со голем број врвови што се издигнуваат над 2.000 m надморска височина, а значителен е и бројот на оние што се со над 2.500 m височина.

Како најзначајни врвови на Шар Планина, одејќи од североисток кон југозапад, се истакнуваат: Љуботен (2499 m), Ливадица (2497 m), Кучинагледски Врв (Пирибег, 2524 m), Езерски Врв (2586 m), Пескови (2651 m), Коњушка (2571 m), Црн Врв (2585 m), Кобилица (2528 m), Караниколица (2409 m), Скакала (2517 m), Клеч (2414 m), Титов Врв (2747 m), Џинибег (2610 m), Челепински Врв (2554 m), Рудока (2658 m), Бристовец (Бориславец, 2675 m), Голема Враца (2582 m), Мала Враца (2536 m), Радика (2405 m), Фудан (2221 m), Кожа (1743 m) и други.


ТАГ – Шар Планина


Карпести отсеци – Најмаркантни се оние кај Лешница, од десната долинска страна на реката Пена.

Флувијален релјеф – Карактеристични се повеќе водотеци кои што по нивното течение оформиле длабоки долини и клисури. Тоа условило да се оформат повеќе помали и поголеми водопади, слапови и брзаци.

Покарактеристични слапови се наоѓаат на Вратничка, Љуботенска, Беловишка и Боговинска Река.

Карстен релјеф – Поради малата појава на карбонатни површини, карстниот релјеф е слабо застапен на Шар Планина. Позначајните вртачи се среќаваат на поголеми надморски височини на Мал Турчин, Титов Врв, подножјата на Црн Камен, Расанѓула, Деделбег и Езерски Рид.

Глацијален релјеф – За време на последната глацијација, кон исток, југоисток, север и североисток од планината се спуштиле глечери кои оставиле голем број на циркови. Во централниот дел на Шар Планина се наоѓаат најмаркантните глацијални траги на планинскиот масив: Џинибег, Кривошија, Горна Лешница, Казаниште итн.

Периглацијален релјеф – Карактеристични форми од овој релјеф се среќаваат на Рудока, Трапезница, во највисоките делови на сливното подрачје на реката Пена, како и во изворишниот дел на Боговинска Река.

Геологија ТУКА

Извор 

Автор

PK Ljuboten

Тетово

Македонија