Еко државата на Хималаите

Постои една држава некаде високо на Хималаите, каде развојот не се мери според БДП-то на државата туку според среќата на луѓето. Испаѓа дека таа држава е и најеколошката држава во светот.

Во време на исчезнување на биолошката разновидност, загадувања на воздухот, почвата, водата и уште што не низ планетава, еколошките достигнувања на државата Бутан се како бајка за свесните луѓе насекаде низ светот.

Повеќе од пола држава им е заштитена како национални паркови, природни резервати и биолошки коридори. 80% од државата е покриена со природни шуми помогнати со програма за пошумување со цел оваа бројка да се зголеми. Своите бројќи за испуштање на CO2 и абсорбирање на CO2 се неверојатни во споредба со останатите држави во светот. Екосистемот на државата абсорбира двојно повеќе CO2 од тоа што испушта.

Разликата е во тоа што еколошката одржливост им е примарна задача и почетна точка за националниот развој. 

Во самите планирања за идниот развој на државата како мерења за раст не го користат веќе застарениот но сеуште глобално користен Бруто Домашен Производ, кој се заснова на колку пари се потрошени, без разлика на што се потрошени.

Нивната мерка за раст и одржливост се вика Бруто Национална Среќа, во која се мерат одржливоста, заштитата на животната средина, заштита и промовирање на културата и доброто владеење на државата. Како концепт, овој начин на мерење и планирање можеби е потежок за користење, но ги задоволува одговорностите за вистински одржлив развој. Секој предложен проект кој државата го разгледува мора да биде оценет според Бруто Националната Среќа со што активностите кои се вршат секогаш се со високи еколошки стандарди. 

Така, државата веќе е на пат да стане првата 100% органска држава каде сите земјоделски производи треба да бидат одгледувани без користења на пестициди, хербициди и вештачки ѓубрива. Повеќето земјоделци секако си одгледуваат традиционално без многу нови технологии и хемиски препарати, па државата сега е во акција да ги дообучи и сертифицира како органски производители. 

Како планинска држава, Бутан имаат многу водотеци кои природно се погодни за добивање многу енергија која е чиста, па хидро енергијата им е највитален дел од економијата на државата. Од струјата која ја произведуваат преку своите хидро-електрани, тие користат околу 25%, а останатото им го продаваат на комшиите од Индија. И овде, при планирањето за градење хидроцентали како витален дел им се заштитата на водотеците и биодивирзитетот кој не смее да биде загрозен од новите хидроцентрали. 

Голем проблем на Бутан е тоа што произведуваат многу повеќе струја од тоа што им е потребно а сепак бенефотот од извезувањето струја го трошат за купување нафта за потребите низ државата. Решение на ова гледаат во масовно заменување на возилата во електрични, па минатата година Бутан склучи договор со Нисан за купување електрични возила кои ќе ги заменат сите државни и такси возила, со што увозот и зависноста од нафта драстично ќе им се намали. 

Со вакви импресивни еколошки достигнувања и иницијативи, сега тие сакаат и да се заштитат од несовесен туризам. Бројот на туристи кои можат да ја посетат државата им е лимитиран а цените за туристите се контролираат за да се спречат несакани влијанија врз нивната еколошка свест и еко развој.

Сите овие примери од една малечка и не толку материјално богата земја кажуваат само едно – еколошката одржливост не само што е возможна, тука таа треба да биде и примарна која ќе биде клучот за среќа на граѓаните во државата.