Геологија на Шар Планина
Според геолошкиот состав (како и според општите географски карактеристики) Шар Планина може да се подели на три целини кои не се униформни..
ГЕОЛОГИЈА
Шар Планина се наоѓа во крајниот северозападен дел на Република Македонија и претставува една од највисоките планини, а според површина и една од најголемите планини на Балканот.
Геолошки состав:
Според геолошкиот состав (како и според општите географски карактеристики) Шар Планина може да се подели на три целини кои не се униформни:
- Краен североисточен сегмент (од долината на реката Бистрица до врвот Љуботен).
- Централен сегмент (од долината на Маздрача, преку долината на Пена се до долината на реката Бистрица).
- Краен јужен сегмент (од долината на реката Маздрача на север, до Ничпурска Планина и Кожа на југ).