Награда за екологична визија во 3 слики

Европската агенција за животна средина пред неколку дена објави доста привлечна наградна игра во која може да учествуваме и ние од Македонија, сè што треба е добрo фаќање на нивната визија во 3 слики. Што ти паѓа на ум кога размислуваш за природа, економија и благосостојба? 

Кога се работи за екоситемите и животната средина од кои сме дел и од кои зависиме, треба да се планира и да се работи долгорочно.

Со сегашниот начин на живот скршнавме од одрживиот начин на живот и ако продолжиме така до 2050та ќе ни требаат 3 планети за да се одржиме, а имаме само една. Затоа е потребна долгорочна визија и стратегија која ќе не врати на патот кон одржива цивилизација со сигурна иднина.

Европската унија засега е лидер во развиениот свет кон враќањето на одржливиот пат со најдобри резултати помеѓу развиените земји. Во својот 7ми акционен план за животната средина тие ја имаат дефинирано следнава долгорочна визија:

  • „Во 2050та, ние живееме добро, во баланс со еколошките лимити на планетата. Нашиот просперитет и здравата животна средина се овозможени од иновативната и циркуларна економија каде ништо не е отпад и каде природните ресурси се менаџирани одржливо, биодивирзитетот е заштитен, ценет и обновен на начини кои ја зголемуваат отпорноста на нашето општество. Нашиот развој со минимални емисии на јаглерод диоксид е одвоен од користењето на ресурсите, создавајќи место за безбедно и одржливо глобално општество.”

Сега Европската агенција за животна средина (EEA) бара оваа визија да биде илустрирана во фотографии и за таа цел пред неколку дена отворија натпреварување за најдобрите 3 фотографии кои го прикажуваат живеењето во Европа во 2050та.

Најдобриот сет од 3 фотографии ќе добие 2000 евра, следени од втората награда со 1500 евра, третата со 1000 евра и четвртата со 500 евра како најдобро избран сет од јавноста и младината.

За да се вклучите во наградната игра “Слика2050 – Живеење добро, во лимитите на нашата планета”, можете да одберете прикажување на сопствена или општа сторија, создадена од 3 фотографии, опфаќајќи ја визијата, интерпретацијата или вашето сфаќање на “Живеење добро, во лимитите на нашата планета во 2050та” заедно со трите објективи од 7EAP :

  • Природен капитал
  • Ресурсно ефикасна економија со минимално испуштање на јаглерод диоксид, и
  • Човечко здравје и благосостојба

Аплицирањето за натпреварот трае до 15 август, фотографиите мора да бидат лично ваши, а за подетални информации и вклучување во натпреварот посетете го следниов ЛИНК

На здравје штракање…