Тропска анти-инфламација во вашата Пина Колада

Мохито фан клуб застанете на страна, ова е добра вест за сите обожаватели на кремасто-слаткиот коктел…

Летниот коктел може да понуди доза на здравствени придобивки до таа мерка што содржината на алкохол ќе прејде во ирелевантна работа. Акцентот го ставаме на ананасот, тропско овошје кое во снабдените продавници се наоѓа преку целата година. 

Бромелаинот за прв пат бил екстрахиран од ананасот во IX век, а претходно со векови за применувал во источната традиционална медицина.

Содржи големи количини бромелаин, ензим кој поседува силно антиинфламаторно дејство. Истражувањата посветени на бромелаинот од ананасот дале мешани резултати што се однесува до ефектите на овој ензим. Сепак бромелаинот се користи при мали мускулни повреди, истегнувања и воспаление на тетиви, за намалување на отокот и мускулната болка по интензивен тренинг.

Бидејќи е ензим, бромелаинот ја олеснува дигестијата на храната, особено на протеините, па затоа ананасот се препорачува кај лица со слабо лачење на желудечна киселина.

Уште една фитокомпонента во ананасот има огромни здравствени придобивки. Каротеноидите кои му ја даваат жолтата боја, докажано ја спречуваат макуларната дегенерација и го чуваат видот од оштетување. Заедно со морковите ананасот е одличен за превенција од поголем диоптер.

Освен тоа, ова тропско овошје изобилува со огромни количини на витамин Ц, добро познат антиоксиданс кој го ослободува организмот од штетните радикали, важен за апсорпцијата на железо и здравјето на непцата. Ананасот е одличен извор на бакар, манган, Б1, Б6, фолати и диетални влакна.

Одлично оди во овошна салата или смути, но и во зготвена верзија како овој вкусен десерт или како во добро познатата порториканска Пина Колада. За приготвување на овој коктел, коктел-мајсторски и по мерка, погледнете го видеото: