Штракај и бери!

Ако природарите и сакате да си однесете по нешто дома ова е апликација како за вас. PlantNet ги идентификува растенијата врз основа на слика…

Станува збор за алатка за пребарување која врз онова на слика, преку вашиот смартфон ви дава повратна информација за соодветното растение. Во позадина располага со огромна дата база и е одлична за сите кои уживаат во природата, си садат цвеќенца по дома, се интересираат за ботаника или сакаат да наберат добар чај…

Она што го прави системот единствен е дека се заснова на динамична социјална мрежа каде корисниците ги качуваат своите фотографии и ги оценуваат според квалитет. Во моментов нема одделен сегмент фокусиран на лековити растенија и оние кои се јадат, но во блиска иднина се очекува и ваква изолирана верзија.

За подетално обајснување погледнете го видеото, а апликацијата можете да ја инсталирате на следниот линк.

 

Автор

Ekologika

Берово

Македонија