Во меѓувреме измислија ветерници без перки

На полето на искористување на енергијата која секојдневно си оди со виорот на ветерот досега на никој не му падна на памет да направи ветерница без главниот елемент на кој потсеќа секоја нормална ветерница – перките. Излегува дека така ветерниците се подобри…

Сведоци сме како низ светот се појавуваат сè поголем број движења и протести за намалување на користењето на фосилни горива (нафта, јаглен, гас) и спречување на глобално затоплување. Во исто време политичките лидери при различните глобални самити едвај успеваат да се договорат како до 2050та светот да се откачи од фосилните горива.

Во сета оваа збрка од приказна, еко претприемачите се тие кои ги пронаоѓаат можностите и решенијата за поголемо користење на чиста енергија или во случајов, Vortex Bladeless, компанијата која создаде нов вид ветерници што за разлика од типичните ветерници немаат елиси (пропелери) за вртење.

Револуционерното во нивните ветерници е тоа што тие се 50% поевтини, со 80% помали трошоци за одржување и можност за поставување на многу повеќе ветерници на помала површина за разлика од класичните ветерници со елиси. 

Индустријата за ветерници веќе го достигна нивото на цената да биде иста или поевтина од цената на користење на јаглен или природен гас, што значи дека ветерниците на Vortex се поевтини од било кој друг извор на енергија.

За тоа како функционира ветерницата и од каде ја добиле уникатната и феноменална идеа, погледнете го видеото каде се објаснуваат…

Автор

Ekologika

Берово

Македонија