Играњето е една од најважните работи за детето!

Играта во предучилишнaта возраст преставува основна дејност на детето поради тоа што го исполнува поголемиот дел од неговото време. Игра на детето треба да се гледа како една од неговите основни потреби.

Тоа не треба да биде награда или казна, што зависи од послушност на детето ниту на играта треба да се гледа само како како забава. Таа има незаменлива улога во предучилишно образование за севкупниот развој на личноста на детето.

Играњето е една од најважните работи што можете да ги направите со вашето дете. Времето кое го минувате заедно во игра му дава на вашето дете многу различни начини за да учи, да биде активно и да учи преку игра да направи сопстевен избор.

За подобро разбирање на важноста на детски игри, потребно е да се покаже како детската активност во играта може да влијае и да му помогне на вашето дете:

• Да изгради самодоверба;
• Да се чувствуваат сакано, среќно и безбедно;
• Да развијат социјални вештини, јазик и комуникација;
• Да учат за грижата за другите и на животната средина;
• Да развијат физички способности;
• Да оформат нови нервни патишта во мозокот;
• Да потикнат стимулација на сетилата;
• Да потикне разбирање на просторните односи и расудување;
• Да потикне процес на иновација и имагинација;
• Ја потикнува мотивацијата и позитивниот натпреварувачки дух;
• Потикнува припадност во група.

Вашето дете ќе сака да игра со вас, но понекогаш може да сакаат да играат сами и нема да има практична потреба од вас. Може само да сакаат да му дадете идеи и информации за тоа како нивната игра се одвива. Исто така, начинот на кој вашето дете игра ќе се промени како што детето созрева.

Родителите треба да ја разберат потребата на детето за игра и да создадт средина во која ќе ги задоволат тие потреби, бидејки играта е важен фактор кој му овозможува на детето да ги развие целосно неговите потенцијали.

Детската Академија „Браинобраин Европа” – Скопје