Електризирај се во природа
Кога се работи за енергија во природа, никогаш не заборавајте дека таа е насекаде околу вас, сонце, вода, оган, механика… Следниве 4 иновации совршено ги имаат скротено овие видови енергија за кога патувате низ природа секогаш да имате струја за вашата опрема.
Соларни панели
Едни од наједностваните и најлесни за носење извори на струја се соларните полначи, кои можат да се завиткаат и спакуваат во ранецот. По потреба
можат да се закачат на ранецот, на шаторот или да се постелат на земја, a останатото е валцер помеѓу сончевите зраци и соларните панели. Со панелите обично доаѓа и батерија која служи како помошна кога нема сонце и може да полни 4 уреди одеднаш.
Мини хидро централа
Најмалата хидро централа во светот која може да се спакува во ранецот и да се користи каде и да има водотеци од кои собира енергија. Германците кои ја создале оваа хидро централа наречена Blue Freedom му овозможуваат на секој кампер на најбрз начин да ги наполни батериите на својата опрема и апарати, за разлика од соларните панели, хидро централата може да наполни ајфон за 1-2 саати. Централата има и вградена батерија со ЛЕД сијалица во случај на потреба од светлина во ноќта.
Енергетско тенџере
Кога се кампува секогаш има потреба од готвење на храна за кој се користи тенџере на оган или плин. Со цел да се искористи овој момент, eнергетското тенџере од PowerPot ја има способноста да ја претвора топлината во електрична енергија, така што додека се топли водата во тенџетето истовремено се полнат батериите од опремата и телефоните.
Динамо светлина
Кога ти треба светлина а не сакаш да се замараш со батерии, најдобро решение за тоа е ЛЕД светилката од Higear за на чело која се полни со „навивање”. Со едно минутно навивање светилката дава 20 минути светлина, доволно за некоја ноќна задача додека се кампува. Светилката може да се откачи од ременот за глава и да се користи како рачна светилка. Располага 3 нивоа на светилна (1 LED / 3 LED / 3 LED Flash).