Комерцијален текст

TOTAL BODY WORKOUT – Правилен избор за вајање на цело тело под надзор на тренер

На часовите по TOTAL BODY WORKOUT работиме со разни реквизити што ни се на располагање од фитнес и аеробик центарот како на пример босу топки, морнарски јажиња, ТРХ, степери и тегови.

https://youtu.be/LEEU5R36PcA width:635

За да се извади максимум од тренингот, се работи кружен тренинг и табата каде целата група наизменично ги работи вежбите на одреден временски интервал. Се прават брзи динамични вежби за подобрување на општата кондиција со помош на реквизити каде ја користите својата тежина како отпор или пак се користат дополнителни тежини во зависност од вежбата, а остатокот од тренингот се состои од изометриски вежби за стабилизација на горниот и долниот дел од телото и истегнување на целото тело како финиш.

Овој вид на тренинг ќе ја подобри вашата општа состојба на телото, од дефиниција на мускулите, зголемување на силата и експлозивноста до слабеење како неминовен фактор. А притоа ќе ви биде динамично и забавно…

Дојдете и пробајте, погодно е за сите возрасти.

Овој месец (мај) на сите пријавени на Скопскиот маратон им следува гратис час, не го пропуштајте!

Ве очекуваме!

Термини:
– Понеделник
– Среда
– Петок

Час: 19:30-20:30 и 20:30-21:30

Цена:
– 2 пати неделно 1000 денари

– 3 пати неделно 1200 денари