Иритација на кожата на бедрата при спортување

Иритација на кожата предизвикано од меѓусебно триење на бедрата и пазувите или од триење на кожата со несоодветната облека е чест и непријатен проблем најмногу во тркачките спортови.

Вообичаено, освен на бедрата и пазувите, иритација на кожата може да се јави и во меѓуглутеалната регија, на брадавиците, како и во линија на градникот.

Сите овие места се склони на иритација бидејќи се покриени со тенка и нежна кожа богата со потни жлезди. Топлата и испотена кожа потпомогната со дожд, кал, песок и други нечистотии се причина за појава на вознемирена и болна, топла и црвена кожа, до оток појава на осип, плускавци и ерозии или отворени рани. Зголеменото присуство на сол во потта при нессодветна телесна хидратација е дежурна причина за забрзување на иритацијата.

Основен терапевски модел во поблагите форми на иритацијата е тушот со млака вода и неутрален сапун, но некогаш е потребно и користење на хидрокортизонски креми за намалување на првичните симптоми. Знаците за инфекција, со појава на треска е услов за поттреба од медицинска помош.

Појавата на првичните знаци за кожните манифестации за време на трките е ургентна изолација на возбудената кожа со стерилна газа и остранување на евентуалната причина (широки шорцеви, градник и др.)

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

  • Користење на соодветни специјални шорцеви кои ќе ги покријат бедрата до надколена. Шорцевите треба да бидат таман – ни премногу стегнати, ни премногу лабави.
  • По можност одберете спортска облека која има карактеристики да ја апсорбира потта и ја елиминира кон надвор а со тоа да ја одржуваат кожата сува но и дозволува да „дише”.
  • Избегнувајте памучни матерјали кои остануваат влажни со што стануваат груби кон кожата.
  • Никогаш не користете нови спортски облеки без предходно да бидат испрани и доволно долго исплавени.
  • Никогаш пред спортска активност не практикувајте бричење или депилирање на предилекционите места. Оставете неколку дена за местото да се смири.
  • Користете анти-иритирачки лубриканти – дефинитивно проверена метода за превенција на вакви состојби. 

 
  • 1 мерка…. вазелинска маст
    1 мерка А+Д маст (јекодерм)
  • ¼ мерка вит.Е крема (или 5 капки Е вит.масло)
  • ¼ мерка Алое Вера крема

Направи сам – Лубрикант за оваа проблематика

Состојките интензивно се мешаат во порцелански сад.

Се нанесуваат на проблематичните регии пред трката или активноста.