Едноставноста на велосипедската авантура

Најефикасен и наједноставен начин за да доживеете авантура во секаков смисол е велосипедизмот. Не постои подобар независен начин за истражување. Доволна е вашата желба и инспирација бидејќи и на најмалите извозени дистанци ќе ја почувствувате Мајката земја со сите нејзини благодети и суровости кои всушност се нејзината природна убавина.

Сè е под вашите нозе, темпото го штелувате по ваша желба и можности, не ви се потребни многу припреми и средства за да се восхитувате во секој момент. Може да возите колку што сакате, дистанците со целта се ваш избор и може да застанете таму каде што ќе посакате и да уживате во погледот кои сами сте си го одбрале.

Најсилна возбуда на Вашето тело и дух произведена од Вашата желба и креативност не зависи многу од важата физичка подготвеност и моделот на вашиот велосипед. После првата пауза ќе ви биде јасно дека доживувате нешто друго и нешто ново во вашето тело. Ефикасниот дотур на свежи кислородни единици во вашиот мозок уште повеќе ќе ви ги разведри вашите сознанија.

Доброто менаџирање на вашите желби со способности е услов за добра, па макар и еднодневна прошетка со вашиот точак. Исправен велосипед без претензии за специфичноста на типот и моделот со храна и течности ќе ве однесат во друг свет на нештата. Искуството и опремата се потребни, но не и неопходни. Можеби за првпат ќе се остетите сами со себе во однос на вашиот профил.

Карл Крелман бил првиот Канаѓанец кои во 1899 тргнал да го обиколи светот со велосипед. Тој научил да вози точак само неколку недели пред да се одлучи на ваков потег. Тргнал со еден пар на обувки а паричникот му бил празен…

Велосипедската авантура во целост ќе ве исклучат од секаквите секојдневни проблеми. Чувството дека бегате од притисокот на животот исполнет со какви не монотони секојдневни активности врзани исклучиво со егзистенција нека ви биде основен мотив. Велосипедизмот ќе ви поклони чувство на контрола над вашиот живот, за полесно решавање на животните предизвици.

Психофизичкиот бенефит во велосипедизмот има одлична КАМАТНА СТАПКА со загарантирана ДОБИВКА.

Дали отпечатокот на вашиот задник повеќе ќе се познава на Вашата домашна фотеља или на седиштето на Вашиот велосипед е ВАШ ИЗБОР.