Пролетна салата

Нека не ве буни „салата“ во насловот. Овој микс од пролетни вкусови може да биде оброк сам по себе…

 
  • 500 грама компир
  • 2 тврдо варени јајца
  • 4 ротквици
  • 4 млади кромитчиња
  • за прелив:
  • 100 мл кефир
  • 4 лажици маслиново масло
  • 4 лажици сенф
  • 2 цедени лимони
  • сол, бибер

 

1. Компирите се варат со лушпа и се ладат под млаз вода, а потоа се лупат и се сечат на крупни коцки. Се ставаат во длабок сад.

2. Јајцата, кромитчињата и ротквицата се сечат на тркалца и се додаваат во длабокиот сад со компир.

3. На страна се приготвува преливот од кефир*, лимон, сенф и маслиново масло и убаво се меша. 

4. Со преливот се преливаат компирите и салатата лесно се промешува.

*Наместо кефир, може да употребите јогурт.