природарење

Загрозени видови како оригами

Проектот Species in pieces или во превод животински видови во делчиња е всушност обид  да се подигне свеста кај популацијата на заслепениот Хомосапиенс дека многу животински видови се наоѓаат пред истребување од лицето на земјата. 

30-те видови кои мака мачат да преживеат се направени од интерактивни парчиња кои означуваат симбол на генетската разновидност. Овој вид на дигитална арт сцена е дело на  Брајан Јејмс.

Овој проект во парчиња треба да едуцира и инспирира, провоцира за поголем глас за овие теми. Уживајте во колекцијата и истражувајте.

-ВО ПАРЧИЊА-