Ритмичка гимнастика, изборот за правилен детски развој

Факт е дека децата кои спортуваат добиваат многу бенефиции од физичката активност. Па затоа, не треба да пронаоѓате изговори за неактивноста на вашето дете.

„Во здраво тело, здрав дух” – сите сме ја слушнале оваа мудрост, а сепак често како да забораваме колку вистина се крие во неа. Придобивките од физичката активност се многубројни. Истражувањата покажуваат дека децата кои спортуваат се посилни и поздрави отколку децата кои не се вклучени редовно во физички активности. Еве само неколку од многуте придобивки од редовната физичка активност:

– здрав физички развој;
– намален ризик од прекумерна тежина;
– силни коски и мускули;
– подобрување на рамнотежата, координацијата и флексибилноста;
– подобрување на концентрацијата;
– намален стрес;
– намален ризик од депресија и анксиозност;
– поголема самодоверба и самопочит;
– можност за запознавање нови пријатели;
– чувство на припадност кон одредена група.

Она што ние го препорачуваме како активност за вашето дете е ритмичката гимнастика.

Ритмичката гимнастика е олимписки спорт кој комбинира балет, танцување и акробации. Спортистите користат експресивни движење и апарати за манипулација.

Покрај тоа е одличен начин вашето дете да остане во добра форма и одлично здравје!