Комерцијален текст

Аеробик, збор кој значи живот

Една од најпопуларните и современи форми на физичкото оптоварување се фитнес активностите, меѓу кои е и аеробикот.

Како физичка вежба проследена со музика, датира уште од 1968 година, а денес широко се практикува во најразлични форми.

Аеробик = air (воздух) + bios (живот) !

Тренингот има позитивно влијание врз вашето менталното здравје, забавен е и пријатен, и може да се помогне при ослободување од стрес. Ако тренингот е направен во група, може да креирате социјални врски со вежбачите, а резултатите кои ќе ги постигнете, зависат од желбата, правилниот начин на живот, правилниот начин на вежбање и правилната исхрана.

Програмите за аеробик се препорачуваат за оние кои сакаат да ја подобрат својата општо здравствена состојба или да постигнат максимална физичка спремност и самодоверба.

Ако посетувате часови по аеробик 3-5 пати неделно, најмалку 8 недели, вашите резултати ќе бидат видливи и позитивни:

  • доволно енергија за справување со секојдневните активности
  • подобар имунолошки систем
  • здрав кардиоваскуларен систем
  • редукција на подкожно масно ткиво
  • ајакнување на мускулниот тонус
  • намален стрес, ќе се чувствувате попозитивни
  • ќе ја зголемите силата и флексибилноста
  • ќе го подобрите метаболизмот
  • ќе ја зголемите издржливоста
  • ќе го намалите срцевиот пулс во мирување
  • унапредување на здравствениот статус

Со тоа аеробикот е современа движечка форма, која овозможува оптимален тренинг за кондиција и координација и е интересно решение за борбата со хиподинамичноста.

Активното движење балансира единство меѓу психата и физиката, ја зачувува младоста и здравјето.

Облечете се спортски, вооружете се со шише вода и Спортски Центар “Јане Сандански” за часот по аеробик!

Контактирајте нè на:
aerobik@scjanesandanski.mk
Телефон: 071 215 135

Автор

SC Jane Sandanski

Скопје

Македонија